ВОЈНАТА СЕ БЛИЖИ: Путин на јавната администрација и нареди да ги вратат нивните семејства кои живеат во странство


Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ за сите официјални лица поточно нивните членови на семејство кои живеат во странство, да се вратат во татковината поради стравот од избивање на нов глобален конфликт.

Како што наведуваат британските медиуми, рускиот претседател им рече на дипломатите на сите нивоа, да ги донесат роднините дома во своите домови. Тоа отиде дотаму, што се наведува во британскиот печат, им е наложено да оние кои имаат ќерки и синови во странски школо, да ги вратат своите деца во Русија иако за некои веќе е почната школската година.isis-russia-putin-iii

Указот се однесува на административните личности, регионални администратори, вработени во законодавните тела на сите нивоа како и работниците во јавните корпорации.

И додека едни аналитичари тврдат дека сеуште не се знае поради што точно е донесен овој указ, други укажуваат на тоа дека ова е подготовка за „големата војна“.

Се ова се случува после нешто повеќе од недела дена од одлуката на претседателот на Русија да во секој град во земјата се одржуваат вежби во кои ќе учествуваат цивили. Целта е како што се наведува, увежбување на акции во случај на нуклеарната војна.

Британскиот печат исто така потсетува и да руските официјални лица најавуваат градење на нуклеарни бункери, во кои би можеле да бидат сместени 12 милиони луѓе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1