Војската на Путин купува делфини – Еве за што ќе им служат!


На сајтот за државни набавки на рускотото Министерство за одбрана, поставен е конкурс за купување на пет црноморски клунасти делфини кои треба да бидат испорачани до 1 август во Севастопол, за да ги искористат за пребарување на подводни мини. vladimir-putin-ratni-delfin-620x350-43398

Овие цицачи би требало да бидат стари од 3 до 5 години, минимална должина 2,3 метри и без видливи повреди.
Научно – истражувачкиот центар за проучување на користење на морските цицачи бил отворен од 1965 година недалеку од Севастопол, а делфините се обучувани пред се за неутрализирање на подводни диверзанти, како и за пребарување на мини и торпеда.
Овој центар по распадот на СССР бил затворен, но повторно е отворен во 2014 година, во светот моментално постојат само два центри за обука на борбени морски цицачи, еден во Русија, а другиот во САД.
Погледнете го видеото:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1