ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклонот Давид ќе ја погоди Македонија


До крајот на денот не очекува претежно облачно време со слаби и локални врнежи од дожд и снег.

Во среда во Македонија ќе биде претежно облачно. Услови за слаби локални врнежи од снег ќе има во западните и југозападните предели. Во вечерните часови постојат услови врнежите да се прошират и во централните и јужните предели.

grom-umbrella-man-1

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -5°C до 3°C, а максималните температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C.

Во четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне.

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб јужен и југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе се засилува.

Утринските температури од -6°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 10°C.

Петок носи промена на врменската состојба. Македонија ќе биде под влијание на нова циклонот Давид кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер и пад на воздушниот притисок. На планините над 1100 метри со врнежи од снег.

Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд.

Врнежите ќе бидат проследени со силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува силен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Утринските температури од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°C односно до 11°C.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1