Вооружен маж со гранати сака да разнесе бензинска ако не го види Макрон (ВИДЕО)


Маж облечен во флуоресцентен елек се заканил дека ќе активира гранати , доколку не го види претседателот Емануел Макрон.

Министерот за внатрешни работи на Франција Кристоф Кастанер соопшти дека маж се заканувал дека ќе активира граната во близина на бензинска станица во градот Анже на западот на земјата.

Тој на преплашените луѓе им викал дека има уште гранати и дека ќе ги активира ако не дојде веднаш претседателот Макрон. На самото место се специјалци , кои се обидуваат да стапат во контакт со мажот.

Медиумите шпекулираат дека најверојатно станува збор за еден од демонстрантите кои деновиве протестираа против зголемувањето на цената на горивата , бидејќи и тие носеле флуоресцентни елеци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1