Вошки – генетски модифицирани и отпорни на шампони ги напаѓаат децата


Како вошките и гнидите сами по себе да не се ужасен проблем, научниците веќе предупредуваат дека се појавил, нов поотпорен вид кои се повеќе ги напаѓа нашите деца.

Voski-devojcica-2-830x553Во студија објавена во весник на ентомологическо друштво на Америка, пишува дека родителите многу тешко успеваат да ги совладаат вошките кои децата ќе ги добијат. Покрај тоа супервошките далеку побрзо се размножуваат и речиси не реагираат на средства и шампони кои се нудат на пазарот. Според информациите досега вошките некако успеале генетски да се модификуваат и да се променат станувајќи поотпорни.

Студијата беше спроведена од страна на Џон Кларк, професор по токсикологија и хемија на животната средина на Универзитетот на Масачусетс Амхерс, каде се испитани гените на вошките од 32 места во САД и Канада. Истражувачите откриле дека 99,6% од тестираните примероци се отпорни на главните состојни од средствата за нивно отстранување

. Како дошло до тоа?

Ако сите гниди не можете да ги сотрете на крајот, поради тоа што преживуваат, вошките се зајакнуваат и стануваат поотпорни на сите отрови. Потоа продолжуваат да се шират од дете на дете. Со купувањето на средствата, електричните чешли и часовите минати во трпеливо требење, на своите деца, можете да се обидете вошките и гнидите да ги уништите со чај или да ја намокрите косата на детето со сок од лимун кој ќе го оставите десетина минути.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1