Тами Еплеј 32 год од Колумбус во Охајо е осомничена дека на децата во градинката во која работела му ставала јаки пилули за спиење и хормон Мелатонин во ужината за малечките да спијат преку цел ден.
Еплеј е обвинета по шест точки, за доведување на невини деца во опасност, а уапсена е во предградие во Колумбус. Кај неа се затекнати и смс пораки во кои се фалела со своите злодела.
Еплеј исто така е обвинета за ставање на јакиот лек за смирување Бенадрил во смесата за палачинки и сок кој децата секојдневно го консумирале.
Воспитувачката во разговор за НБС ги демантирала обвинувањата.