Воспитајте си ги децата: Девојчиња од мали на депилација – ги задевале соучениците


Деветгодишно девојче од Скопје оди на депилација за да ги избегне непријатните коментари и малтретирањето од другарчињата од одделението поради тоа што има малку поизразени влакна на телото од нив.

deca skolo Иако свесни дека оваа возраст е премала за ваквата практика, нејзините родители се решиле редовно да ја носат во козметички салон сметајќи дека тоа е најбезболно решение со кое ја поштедуваат од секојдневните задевања на училиште. А за таквите груби задевања, за кои повод може да биде и најмала различност во висината, тежината или, пак, првите знаци за влегување во пубертет, кои за некое време ќе ги имаат сите други деца, знаат да бидат голем проблем и за детето и за неговото семејство, пишува Дневник

Ако родителите се фаќаат за џебот за да го избегнат овој вид проблеми или за да ги намалат нервозите кај детето, тогаш за други многу поголеми проблеми често буквално се оставени сами на себе.

– Проблемите со задевањата и малтретирањата помеѓу учениците би требало интерно да ги решаваат самите училишта преку тимски пристап. Училишните педагог и психолог треба да ги превенираат и да ги расчистат ваквите состојби без да ги вклучуваат родителите, а ако тоа не оди, да ги повикаат на средба само родителите на оние деца што ги прават проблемите- вели Психологот Лидија Зорба

Целата сторија на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1