Овој популарен пијалок е многу повеќе од тоа. Вотката не мора да ви биде само состојка за коктели, може да има и некои невообичаени улоги.
Вотка како шампон
Додадете во својот омилен шампон околу 30 милилитри вотка и добро измешајте. Вотката ќе спречи косата брзо да се мрси. И не грижете се, нема да се чуствува мирисот на алкохолот.
Цвеќето подолго да трае
Цвеќето во вазна ќе трае подолго ако во водата додадете неколку капки вотка и лажичка шеќер.
Безболно тргање на фластер
Натопете парче памук со вотка и потоа натапкајте на фластерот. Вотката ќе го разблажи лепакот и фластерот лесно ќе се извади.
Лечи херпеси
Ако на усната ви се појави грозница, можете да го забрзате нејзиното заздравување така што ќе натопите стапче за уво со вотка и ќе нанесете на болното место.
Ја освежува гардеробата
Напрскајте ја облеката со вотка, а потоа закачете ја на суво и добро проветрено место. Така ќе се отстрани непријатниот мириз и гардеробата ќе биде долго свежа.
За чистење прозори
Ставете вода о шише со распрскувач и додајте малку вотка, оваа мешавина ќе ви помогне да ги исчистите прозорите и да ви заблеска куќата.
За поубав накит
Накитот кој содржи дијамант, смаград или друг камен потопете го во вотка на пет минути, потоа исплавете го со вода и исушете па ќе заблеска како нов.
Faktor.mk