Како што јавува телевизијата РТ воз полн со воена опрема упатен кон границата со Русија бил запрен од граѓани – проруски активисти ја блокирале пругата ставајќи на шините метален отпад и формирале жив штит за да го спречат минувањето на возот.
Украинските власти вчера кон границата со Русија испратиле повеќе возови со воена опрема, додека во Крим се одржуваше референдум за придружување со Русија.
На Јутјуб се појавила и снимка на кои се гледа како еден од тие возови минува низ Луганската област, која се граничи со руските Белгородска и Вороњежка област на исток, како и со Ростовската на југ.