Воз полн со воена опрема одел кон границата со Русија – го спречиле граѓани (Видео)


Како што јавува телевизијата РТ воз полн со воена опрема упатен кон границата со Русија бил запрен од граѓани – проруски активисти ја блокирале пругата ставајќи на шините метален отпад и формирале жив штит за да го спречат минувањето на возот.

rusija ukrainaУкраинските власти вчера кон границата со Русија испратиле повеќе возови со воена опрема, додека во Крим се одржуваше референдум за придружување со Русија.

На Јутјуб се појавила и снимка на кои се гледа како еден од тие возови минува низ Луганската област, која се граничи со руските Белгородска и Вороњежка област на исток, како и со Ростовската на југ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1