Возел со фалс возачка 13 години – му помогнал поткупен полицаец


Во 1999 жителот на Локвени си купил фалс возачка дозвола за која платил 1 000 марки. Си возел со неа до 2008 кога и истекла важноста. Тогаш си нашол полицаец кој се согласил да му се најде за и понатака да си се вози со фалс возачката.

VOZACKAКрушевската полиција поднесе кривични пријави против тројца – жител на с. Локвени кој од 1999 е со фалсификувана возачка, жител на Горно Оризари кој го изработил фалсификатот и поранешен прилепски полицаец кој помогнал дозволата да се продолжи до 2018 година. Вклучен е уште еден посредник од Кривогаштани во поткупот на полицаецот.

Во 1999 жителот на Локвени добил фалсификувана возачка за која платил 1 000 марки. Си возел со неа до 2008 кога и истекла важноста. За да може да ја користи и понатака нашол прилепскиот полицаец и преку посредник му дал 50 евра за да му се продолжи дозволата до 2018. возачката била продолжена а човекот дури извадил и меѓународна возачка и ја користел во странство, соопшти МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1