Возењето со светла прекуден ќе стане казниво


Возењето со вклучени светла прекуден и поставувањето споменици, билборди и садници во близина на сообраќајни површини ќе станат минато. Исто така, забрането е и продавање производи покрај јавните патишта. Ова се однесува на местата каде што може да биде загрозена безбедноста во сообраќајот поради недоволна прегледност, предвидуваат новите членови во Законот за безбедност во сообраќајот.FAROVI KOLA

Новите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот кој се најде на дневен ред на 62-рата седница на Собранието на Република Македонија, донесуваат генерално поригорозни законски казни за непочитување на одредени сообраќајни правила, особено за оние кои предизвикуваат зголемен број сообраќајни незгоди. Новата одредба со која повеќе нема да важи правилото за вклучени светла преку ден, предизвика дилеми кај возачите. Со новите измени се предлага задолжителна употреба со почетокот на самракот и во текот на ноќта, како и во дневни услови кога е намалена видливоста.

Во новите законски измени, меѓу другите, предвидена е казна од 20 евра доколку совозачот нема појас, 45 евра за разговор на мобилен телефон при возење, 35 евра за невклучено светла во одредениот временски период, како и 35 евра доколку се вози дете без специјално детско седиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1