Возможно ли е патување надвор од телото


Затоа , астралната проекција е поврзана со искуства блиски до смртта и често се доживува при сонување и спиење, болести , хируршки операции, наркотични искуства, парализа при спиење и при различни форми на медитација.

vrakanje-od-smrttaСпоред Макс Хајндел етеричниот “ двојник ” служи како посредник помеѓу астралните и физичките нивоа. Во неговиот систем етерот, кој исто така го нарекува прана, е виталната сила која на физичките форми им дава моќ да се менуваат. Од неговите описи може да се заклучи дека според него кога некој го гледа физичкото при излегување од телото тој технички воопшто не е ниту во едно ниво. Други луѓе кои имале вакво искуство опишуваат област која не е слична на ниту една физичка околина. Средините можат да бидат населени или ненаселени, природни или апстрактни и искуството може да биде убаво,страшно, или неутрално. Постои познато теософско верување дека преку астралната проекција може да се влезе во компендиум на мистично знаење наречено Акаша записи. Во многу наврати астралниот свет се поврзува со светот на соништата. Некои луѓе дури велат дека виделе други луѓе како изведуваат дејствија од сонот несвесни за пошироката околина.

Емануел Свиденборг е првиот кој поопширно пишувал за излегувањето од телото во неговиот “ Духовен дневник ” ( 1747-65). Делото на францускиот филозоф и романсиер Оноре де Балзак “ Луис Ламберт ” укажува дека е можно тој да имал искуство на излегување од телото. Има многу објавени дела за астралната проекција од 20от век, иако само неколку автори се познати и цитирани. Такви се Роберт Монро, Оливер Фокс,Силвен Малдун и Харвард Харнигтон, и Ирам.

Souls-of-Man-Human-Person-Leaves-Where-Light-Eternal-Forever-Creation-Evolution-Explained-Life-Essense-Destination-Hell-Destroyed-Perish-Hades-Evil-Path-Up-Kingdom-Heaven-God-PathХарингтон, истражувач во областа на физиката, и Малдун заедно ја објавиле книгата “ Проекција на астралното тело ” во 1929 година. Тие тврделе дека техниките кои ја олеснуваат проекцијата се: да се замисли летање или пак качување со лифт пред да се заспие и да се воспостави свесност при сонувањето (луцидно сонување) преку распознавање на детали во сонот како на пример тапет во домот. Ваквото распознавање според нив понекогаш резултирало со чувство дека сме надвор од телото и дека сме способни да го гледаме одозгора. Расказите на Роберт Монро за патувањато во други димензии (1971-94) го популаризирале принципот на излегување од телото и биле преведени на многу јазици. Иако неговите книги му придавале само второстепено значење на описот на методот, Монро иссто така основал институт посветен на истражувања, анализи и непрофитна дисеминација на аудитивна техологија која им помагала на луѓето да достигнат астрална проекција и слични промени во состојбите на свеста.

Роберт Брус, Вилијам Булман и Аберт Тејлор неколку пати ги дискутирале своите теории и пронајдоци во емисијата Coast to Coast AM (Брег до брег). Мајкл Кричтон, во неговата книга “ Патувања ”, дал долги и детални објаснувања и искуства во врска со астралната проекција. Волдо Виеира, физичар и стоматолог, тврди дека го доживеал првото искуство на излегување од телото на 9 години и продолжил да пишува голем број написи и над 20 книги, вклучувајќи ја неговата “ Проектологија ”. Вагнер Алегрети, претседател а воедно и истражувач на Интернационалната академија на свест, е уште еден од оние кои доживеале излегување од телот. Тој настапувал на каналот Дискавери на шпански и во њујоршките серии “ Нови реалности ”.

connecting_with_my_soul“ Душевно патување ” е способноста на душата да го напушти телото и да ги посети многубројните нивоа на небото.Ваквото патување се изучува во Surat Shabd Yoga ( Сура Шабд Јога) и некои изведени патеки како Еканкар. Ова искуство најчесто може да се достигне преку техники на медитација и повторување на некоја мантра.Сите гуруа на Сант Мат групата за медитација опширно зборуваат за ваков вид на излегување од телото, како на пример Кирпал Синг.

Во окултните традиции, праксите се одвиваат од достигнување на состојби на транс до ментална конструкција на секундарно тело,кое во делата на Слистер Краули се нарекува Тело на светлината, преку визуализација и контролирано дишење, проследено со префрлување на свеста во секундарното тело преку ментален чин на волја.

Во Јапонската митологија, ikiryo (сеиреи), е манифестација на душата на живо битие надвор од нивното тело. Според традицијата, доколку некој чувствува доволно омраза за некоја друга личност се верува дека дел од нивната душа може да го напушти телото на одредено време и да се појави пред личноста што ја мразат за да ги проколнат или да им наштетат на било каков начин, слично на уроци. Исто така се верува дека душите го напуштаат телото кога е болно или пак во кома; ваков сеиреи не е со зла намера.

Инуити

Во некои инуитски групи, се верува дека одредени луѓе со посебни моќи патуваат на далечни митски места и им ги пренесуваат искуствата на нивните блиски или на целата заедница; како да ја спречат лошата среќа при лов, да излечат болни и сл. .. работи кои не им се достапни на луѓе кои не ги поседуваат ваквите способности.

Амазон

Се верува дека шаманот на народот Ваи Ваи може да изведе “ лет на душата ” кој има различни функции: лечење, летање на небото за да бара совет од космолошки суштества (месечината или братот на месечината-сонцето), да добие име за новороденче или да оди длабоко во реката за да добие помош од други суштества.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1