Повозрасно машко лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Охрид, на улицата „15 Корпус“ што води кон излезот од градот во насока кон Битола.
Засега нема информации за идентитетот на пешакот, ниту за причините за несреќата.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, во присуство на овластено судско лице, а сообраќајот на улицата беше целосно во прекин. Лесните моторни возила и помалите товарни возила што сообраќаат накај Ресен и Битола се пренасочуваа преку алтернативни улици