Вознемирувачки: Објавена снимката од падот на авионот на Малта


На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авионот на Малта, во кој загинаа пет лица, француски државјани. На снимката која на Фејсбук ја објави Лоран Азопарди се гледа дека авионот неконтролирано се спушта и удира во тлото, по што избива голем пожар.avion-520x293

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан соопшти дека при падот на авионот настрадале тројца функционери од тоа министерство и двајца приватни претприемачи. Како што наведе, авионот тргнал во извидничка мисија над Средоземното море, но се урнал набрзо по полетувањето на аеродромот во Малта.

Тој додаде дека министерството, на чие чело е, ќе спроведе истрага за причините за несреќата, пренесува Ројтерс.

Во првичните извештаи, медиумите пренесоа дека се работи за летало во кое биле официјални лица на граничната агенција Фронтекс, што подоцна е демантирано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1