ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Дадилка тепала 9 месечно бебе во Скопје


Кривична пријава е поднесена против 65 годишна жена која била ангажирана како дадилка за да чува девет месечно бебе, додека неговите родители биле на работа.

наместо тоа, дадилката го тепала, штипела и малтретирала бебе за што сведочи и видео снимката во продолжение, која е објавена со согласност на родителите. Тие поставиле скриена камера во нивниот дом откако на бебето забележале модринки.majka bebe

-Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување. По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото, соопштија денес од Јавното обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1