ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: 19- годишната Милица се обиде да се самоубие во живо на Фејсбук


Ги сечела вените, го кинела сопственото месо, се сликала, а фотографиите ги споделувала на Фејбук.

19-Годишната Милица П. од Трешњевица ги сечела своите тетиви и вени на десната рака, а потоа крвава се фотографирала и ги споделила фотографиите на својот Фејсбук профил.srbinka2

– Во животот никогаш не сум ја видел во такво издание, како таа вечер. Не ја видов кога го правела сето тоа, но синот дотрча за да ми каже дека нејзината соба е преполна со крв. Таа беше потполно избезумена, раскажува татко на тинејџерката која што фотографиите од своите исечени вени ги објави и на интернет мрежата, вели нејзиниот татко.

Милица вчера во текот на попладневните часови била пуштена од Одделението за психијатрија во болницата во Ќуприја.

Нејзиниот татко, Милош, објаснил дека дека љубовните маки се главна причина за постапката на Милица.

Милица два дена пред да се обиде да го одземе животот, била во Свилајнац, за да го посети своето 2-годишно дете кое што живее кај нејзината несудена свекрва. Таму дошло до расправија, каде што испила многу, а кога се вратила дознала дека мажот со кој што се гледала заминал во странство.srbinka1

– Толку пијана и вон себе, го направила тоа што го направила. Се сечела со тап нож и жилет, а потоа целата крвава излегла од дома. Среќа што е жива, но навистина си ги има добро исечено тетивите. На лекарите не им дозволила да ѝ ги зашијат раните, па токму поради тоа потешко ќе ѝ зараснат, вели таткото.

Милош П. е инаку самохран родител, има четири деца, два сина и две ќерки. Вели дека сопругата го напуштила пред неколку години, а сето тоа Милица го поднела многу тешко. Милица заедно со еден од своите браќа живеат заедно со таткото, додека другите две деца се згрижени во друго семејство бидејќи таткото нема услови за да се грижи за сите четири деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1