ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Џихадистите објавија видео како обезглавуваат американски новинар


Милитантите од Исламската држава објавија видео снимка од обезглавување на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше киднапиран во Сирија во 2012 година од непознати вооружени лица

Снимката со наслов „Порака до Америка“ беше објавена на социјалните медиуми вчера, но сè уште не е утврдена нејзината автентичност.

Семејството на Џејмс Фолиј ја потврдилo неговата смрт.

Фолиј исчезнал во северна Сирија, а работел како хонорарец за агенцијата АФП и медиумската компанија од Бостон Глобал Пост.

ИСИС објавиле видео снимка на која тврдат дека чуваат уште еден американски новинар, Стивен Сотлоф и испратиле порака дека неговиот живот зависи од слесниот потег на Барак Обама.

Исламската држава, која има цел да воведе исламски калифат, контролира големи делови од територијата на Ирак и на Сирија. Нејзиното напредување во северен Ирак беше спречено од американските воздушни напади, кои се први по повлекувањето на американските сили од земјата во 2011 година, објави Радио Слободна Европа.

20082014075012_novinar zaroben kaj dzihadisti
isis1
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1