На шокантното видео кое го снимила надзорната камера во станбена зграда, било забележан момент на брутално убиство на маж во ходникот пред сопствениот стан.
Камерата ги снимила последните моменти на Трејси Френсис во кој соседот во ноември испалил 12 куршуми, а снимката била прикажана како доказ на судењето на убиецот.
Иако се верувало дека 40 годишниот е убиен со куршум во градите, обдукцијата покажала дека му биле испалени уште 11 куршуми во главата, рацете, градите и гениталиите.
За убиството е обвинет Асим Мартинез (33). Полицијата верува дека соседите се расправале уште во септември, кога Мартинез ја плукнал сопругата на Френсис. Мартинез тврди дека тоа го сторил во самоодбрана.