Заборавете на Gangnam, доаѓа новата интернет сензација: Aircraft Carrier Style (Видео)


Aircraft Carrier Style е новото лудило кое ги зарази кинезите. Милиони кинези поставија на интернет свои фотографии како ги изведуваат овие движења.

Не ви е доста од Gangnam Style?

Од Кина доаѓа новата интернет сензација која се шири како вистинска зараза – Aircraft Carrier Style.

Се започна минатиот викенд кога на вести беше прикажана снимка од полетување на борбен авион покрај кој стојат работниците на аеродромот и покажуваат во правец на авионот.

Ова им запна на око на кинезите и сите почнаа да го имитираат, па во рок од седум дена милион кинези објавија свои фотографии на интернет како го изведуваат истото движење.

Веднаш почнаа комбинациите со познатиот Gangnam Style и роден е нов хит.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1