ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Млада жена сомелена од подвижни скали, детето спасено во последен момент


Бизарна несреќа се случила во трговски центар во Џингџоу, Кина. Млада мајка се качувала со ескалаторот во трговскиот центар а до неа бил и нејзиниот малолетен син. Во моментот додека тие се движеле со ескалаторот одеднаш се слушнал трескот и во скалилата се отворила дупка

nesrekja

Во еден момент платформата на крајот на ескалаторот едноставно пропаднала, а за среќа мајката успеала синчето да го турне на безбедно, а вработена во трговскиот центар го зграбчила и го одвлекла подалеку.

Меѓутоа, за младата жена немало спас. Скалилата ја повлекле надолу и таа исчезнала во дупката. По дури  три часа нејзиното безживотно тело било пронајдено.

Предупредуваме дека видеото има вознемирувачка содржина:

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1