Шок-цени во Хрватска: Хамбургер 1100 денари, пица 900


Верувале или не, на Хвар во Хрватска, еден хамбургер се продава за неверојатни 140 куни што е некаде околу 1100 денари, пишуваат хрватските медиуми. Најевтиниот кој може да се најде на ова хрватско летувалиште чини околу 65 куни или 520 денари.hamburger restoran

Хрватските медиуми пишуваат дека угостителите претерале со цените поради што, познатите туристички веб сајтови излегуваат со препораки да не се летува во Хрватска.

„Не одете таму. Јас поскапа храна во живот не сум платил“ пренесува хрватскиот сајт 24 Сата коментар на Trip Advisor

24 Сата пишува дека порција пржени компирчиња чини над 160 денари, пицата е околу 900 денари, а бурито се продава за 140 куни или 1120 денари.

Слична е ситуацијата и во Сплит каде парче пица се продава за 160 денари.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1