ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: NASCAR возач го прегази и уби колегата за време на трка во Њујорк


 Во Њујорк, на НАСКАР трката Тони Стјуарт го уби вториот Кевин Ворд јуниор.

1008-tony-stewart„Страшна несреќа се случи во текот на спринт трката. Тони не е повреден, но неговиот колега го загуби животот. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, се наведува во соопштението на Стујарт-Хас Рејсинг, тимот за кој вози Стјуарт.

Несреќата се случи кога Ворд излезе од своето возило на патеката, а Стјуарт налета на него. Ворд летна 15 метри од патеката, а веднаш интервенираше лекарската екипа, која за жал, само констатираше смрт.

Не е јасно зошто Ворд излезе на патеката додека трката траеше. Ворд претходно излета од патеката по дуелот со Стујарт.

Стујарт беше сослушан во полицијата и е пуштен на слобода. Локалниот шериф побара од сите навивачи кои имаат снимки да ги достават во неговата канцеларија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1