Бомбаш-самоубиец од Сирија е одговорен за денешниот напад во Истанбул, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган остро го осуди нападот, при тоа посочи дека загинале десет луѓе. Меѓу убиените има турски граѓани и странци.
Инаку експлозијата се случила во 10:20 часот по локално време (9:20 часот по средноевропско време).
Причините за експлозијата засега не се познати, но според непотврдени информации, станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец, најверојатно жена.
ТАСС јави дека според турските безбедносни служби, зад експлозијата најверојатно стои џихадистичката група Исламска држава (ИД).