Почина бремената жена по тешките повреди во сообраќајката во Струмица


Почина 29 годишната жена која пред два дена заедно со сопругот и шестгодишната ќерка имаа тешка сообраќајна незгода на излезот од Струмица, пишува Канал 5.

Фото СтрумицаНет

Фото СтрумицаНет

Жената била во вториот месец од бременоста.

Нејзината шестгодишна ќерка и сопругот се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност на хируршкото одделение во Струмичката болница, пишува Канал 5.

Сообраќајката се случи на патот Струмица-Дабиле, пред бензинската пумпа Лукоил каде директно се судрил автомобилот на семејството со друг автомобил.

Увидот на полицијата и јавното обвинителство треба да ги утврдат причините за сообраќајката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1