На социјалните мрежи се појави фотографија со визит карта од вработен во Епл.
Неговото име како за инат е „Сам Сунг“ 🙂
Не се знае дали се работи за шега или оваа визит карта е вистинска, но на социјалната мрежа Линкедин постои профил за личност која со тоа име работи во Епл. За потсетување, Епл и Самсунг водат жестока битка околу патентите и се најголеми ривали и конкуренти.