Вработен во ФЗЦ починал без медицински третман – газдата не му уплатил здравствено осигурување


Протестираме поради десетти по ред неисплатен личен доход, и нашето трпение го достигнува својот максимум, велат работниците во кумановската фабрика ФЗЦ ”11 Октомври”, кои повторно се собраа на протест во кругот на фабриката за да го изразат својот револт заради неисплатени лични доходи и немање здравствено осигурување, пренесува kumanovskimuabeti.mk.

fzc fabrika kumanovo

Просекот на вработените во фабриката е 55 години. Што да прават тие луѓе без здравствено осигурување ако се знае дека нашето здравство работи со закажување термини и ако верувате, еден наш вработен почина од глад, вели Слободан Јовановски, член на синдикатот од фабриката.

Нели е срамота со 35 години работен стаж да ме третираат на овој начин, без денар во џебот, реагираше на денешниот протест, Благоја Јовановски,  вработен во фабриката за заварени цевки и профили.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1