СВР Скопје до јавното обвинителство поднесе кривична пријава против А.В.(54), Б.Т.(40), С.С.(47) тројцата по занимање ракувачи на аеродромска опрема и И.Ф.(40) обезбедувач, сите од Скопје, вработени во ТАВ – Аеродром “Александар Велики“, поради основано сомнение дека сториле две кривични дела – “тешка кражба“, со што се стекнале со противправна имотна корист од 410.000 денари.
Од страна на Истражен судија, на четворицата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Имено, тројца аеродромски службеници кои работеле на пренос на багажот на патниците на лет на авиокоманијата “Ер Берлин“ на трети овој месец, украле вредни работи од багажот на патниците на скопскиот аеродром.
Врз основа на судска наредба од дежурен истражен судија при Основен суд Скопје 1, од одговорното лице на службата за видео надзор при аеродромот со Потврда е одземено ЦД од видео надзор од ренген контролата за 03.11.2012 во периодот од 11.23 до 11.28 часот.
Четворицата осомничени се приведени во просториите на ПСОН “Кисела Вода“ каде од извршените разговори со нив е дознаено за начинот и местото на извршување на кривичните дела исто така е дојдено до сознание дека во повеќе наврати краделе златни предмети од патничкиот багаж, украдениот златен накит го продавале на златари, а парите ги делеле помеѓу себе.