Двајца вработени во Т-Мобиле фалсификувале потпис на корисник на мобилната телефонија на овој оператор и склучиле договори со што направиле долг од 32.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Р.К.(33) од Тетово и Р.М.(29) од Скопје, во текот на 2012 година ја злоупотребиле службената положба на тој начин што го фалсификувале потписот на лице од Тетово и на негово име склучиле договори за користење четири телефонски броеви и притоа направиле долг во износ од 32.000 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К.и Р.М.за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања”.