Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, а ќе дува и умерен, на места засилен северен ветер, особено долж Повардарието, што ќе придонесе дневните температури дa опаднат. Температуата од 11 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, а ќе дува и умерен, на места засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.
Од вторник се очекува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.