До крајот на денот во Македонија се очекуваат пообилни врнежи на повеќе места.
Ќе има и појава на пороен дожд проследена со грмежи и засилен ветер.
Во Скопје кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен дожд, а ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Претежно облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи до сабота.
Во овој период ќе дува умерен повремено и засилен југоисточен ветер, а в сабота ветерот ќе го промени правецот во северен.