Даниел Кајмакоски, победникот на првиот регионален “Икс фактор“, беше пречекан како најголема ѕвезда во родното село Мислешево, Струшко.
Благодарност за овој дочек, ова е еден од најемотивните момент. Имав повеќе трема да дојдам дома отколку на финалето на X фактор. Таму бев многу опуштен овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели, меѓу своите луѓе е навистина нешто посебно, рече на прес конференција Даниел Кајмакоски.
Повеќе од пет илјади негови обожаватели, речиси го окупираа централниот дел, носејќи разни пароли и натписи со неговиот лик, мечиња, шалови…
Имаше и врескање, плачење, па дури и паѓање во несвест.