Врие на бензинските пумпи во Македонија


Врие на бензинските пумпи во Македонија. Денешната најава на Регулторната комисија за енергетика дека од утре бензините поскапуаат за 3 односно 3,5 денари а дизелот за 2,5 денари направи вистинска мешаница пред пумпите.

Возачите велат дека за да наполните гориво се чека и до половина час.

Бензините од утре поскапуваат за 3,5 денари, дизелот за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари по литар и ќе изнесува 62,00 денари за литар

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,50 денари по литар и ќе се точи за 64,00 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари и еден литар ќе се продава за 51,00 денар.

Малопродажната цена на Екстра  лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 денари за литар

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

benziska fejs benziska fejs (2)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1