По првичните резултати објавени од ДИК и од партиските штабови јасно е дека ќе има втор круг од претседателските избори на 27 април. Во вториот круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски, кои освија најголем број од гласовите.
Во вториот круг победник ќе биде оној кандидат што ќе освои повеќе гласови, но под услов излезноста на гласачите да е најмалку 40 отсто од вкупниот број на запишани гласачи во Избирачкиот список. Доколку овој услов не биде исполнет, целата процедура за претседателските избори се повторува.