Вучиќ поднесе оставка на местото претседател на српската Влада


Александар Вучиќ денеска на претседателката на српското Собранието, Маја Гојковиќ, и ја предал оставката од премиерската функција.

Во образложението на оставката се наведува дека тоа го сторил затоа што стапува на фукцијата претседател на Република Србија. На оставката е наведен 30 мај како датум на поднесувањето.

Собранието оставката ќе ја констатира утре во 11 часот на почетокот на посебна седница, на која Вучиќ ќе даде заклетва како нов шеф на државата.

Вучиќ заклетвата во Парламентот ќе ја даде во 12 часот, а потоа, претседателот во заминување, Томислав Николиќ, ќе му ја предаде должноста на новоизбраниот претседател.

Свечаната церемонија на примопредавањето на должноста меѓу Николиќ и Вучиќ ќе се изведе во свечената сала на Зградата на претседателот на Републиката, соопшти прес-службата на претседателот.

На завршната прес конференција во својство на премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека нема намера да владее 10 години.

Се уште не се знае кој ќе го замени на местото премиер на српската Влада, но извесно е дека тоа ќе се знае до 18 јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1