Вучиќ положи заклетва за претседател на Србија врз Устав и евангелие


Александар Вучиќ денеска положи заклетва во Собранието на Србија и ја презеде должноста шеф на држава.

Заклетвата ја положи на Уставот на Србија и на Миросавлевото евангелие.

– Се колнам дека сите свои сили ќе ги посветам на зачувување на суверенитетот и целата територија на Република Србија, вклучително и на Косово и Метохија, како нејзин составен дел, како и остварување на човековите и малцинските права и слободи, почитување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Република Србија и дека совесно и одговорно ќе ги исполнувам сите свои должности – посочи Вучиќ.

Вучиќ е избран за претседател на Србија во првиот круг oд изборите на втори април со освоени околу 56 отсто од гласовите односно со поддршка на повеќе од два милиони гласачи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1