Вујкото на Ахмети добил ќотек


Вујкото на Али Ахмети, Фазли Велиу, во Ваксинце, бил физички нападнат од селскиот организационен одбор за одбелжување на 12 – годишнината од смртта на командант Тигри, велат за Канал 5 извори во албанскиот политички блок.

fazli-veliu12На поменот жителите на Ваксинце инсистирале да нема  политичари. Нивната желба не ја испочитувал Фазли Велиу, па така во друштво на пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили биле дел од декорот на годишнината од смртта на командант Тигри.

Неканетиот гостин  побарал да одржи говор, тогаш врз идеологот  на ОНА скокнале дел од членовите на одборот. Му се нафрлиле и го нападнале, велејќи  дека не сакаат да држи говор на годишнината пренесува Канал 5.

Нашите извори велат  дека Велиу бил обвинет оти тој како претседател на Здружението на ветерани на ОНА доволно не се грижел за семејствата на загинатите во конфликтот од 2001-та. Го обвиниле дека сака само да се промовира, а ДУИ политички да профитира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1