Пакистанскиот премиер наложи да се суспендира YouTube во целата земја поради срамниот анти исламски филм поради кои насилни протести се случија во оваа земја.
Премиерот Raja Pervez Ashraf ја издаде наредбата до Министерството за Информации да ја блокира страницата на YouTube за да неможе никој да го гледа срамниот филм “The Innocence of Muslims”, се вели во соопштението.
Досега и Google и YouTube одбија да го отстранат филмот, но го ограничија пристапот до него во земјите од арапскиот свет.
Над 10.000 пакистанци протестираа денеска. 2 загинаа во судир со полицијата. Се палеа американското знаме и фотографии од Обама. Уапсени се над 40 луѓе.