За 1 година од плата купив стан и кола – Приказната на една Србинка која заминала да работи во Норвешка


Бранка Мириќ која по професија е медицинска сестра, 2010. година се преселила во Норвешка и моментално работи во една здравствена установа.norveska

Според нејзините зборови, голема е разликата помеѓу медицинските сестри во Србија и оние во Норвешка, бидејќи таму таа професија е почитувана и од нив се очекува да допринесат во лечењето на пациентите, пишува Политика.

– Веднаш добив лиценца за медицинска сестра бидејќи имав високо образование и специјализација. Норвешкиот јазик го учев во Белград, а работа добив преку едно биро за вработување и имав договор на две години. Работев во три различни установи, вели Бранка и додава:

– Од 2012. година живеам во Драмен, бидејќи добив постојана работа како медицинска сестра специјалист. Презадоволна сум бидејќи пред две години успеав да купам стан, автомобил и сите неопходни работи и тоа од платата. Доаѓам во Белград неколку пати годишно и можам да си дозволам разни патувања. Мислам дека тоа е доволна причина да се напушти Србија, бидејќи од платата не може да се преживее во нашата земја.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1