За 15 минути три сообраќајки во Скопје (Фото)


За време на попладневниот шпиц во скопје на различни локации се случиле 3 сообраќајки во време од 15 минути. Учествувале 9 автомобили, причинета материјална штета, нема повредени. Сообраќајките се случиле во периодот помеѓу 16.45 и 17 часот.

Две возила БМВ-а се судриле на улица Илинденска на раскрсницата кај Паркови зеленило. БМВ џип и автомобил БМВ се удриле на левата страна од коловозот, а и двете беа оштетени и не можеа да се помрднат поради што е повикана и полиција за да изврши увид, јавува Канал 5.

Уште една несреќа се случила на илинденска, на раскрсницата кај градски парк.
Третата сообраќајна незгода е регистрирана во Автокоманда на раскрсницата кај земјоделскиот факултет, се удриле дури 5 возила мерцедес, пежо, југо, форд фиеста и голф. Причинета е материјална штета, а патниците немаат сериозни повреди.

Фото – За Се

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1