За 2 дена, 4 експлозии на Сонцето – последниот пат кога беше вака, на земјата настана хаос (Видео/Фото)


На Сонцето во период од 48 часа се случиле четири колосални експлозии, а вчера е регистрирана досега најсилната соларна бура од почетокот на оваа година.

sonce ekplozijaЕксплозиите не биле директно насочени кон Земјата, така што не претставувале речиси никаква опасност за сателитите и системите за снабдување со електрична енергија. Научниците моментално очекуваат зголемен број на соларни експлозии, бидејќи оваа година 11-годишниот циклус на сончеви активности се ближи кон својот врв, т.н. соларен максимум. Соларните експлозии се проследени со исфрлување на коронална маса (ЦМЕ), феномен, во текот на кој милијарди тони набиени честички соларна плазма се исфрла во Вселената.

Најсилната сончева бура, т.н. „Карингтонов случај“, забележана е во септeмври 1859 година. Тогаш дојде до прекин на телеграфската врска, пожари во Северна Америка и Европа и појава на поларна аурора видлива од Куба и Хаваите.

Доколку бура со слична сила денес ја погоди Земјата, последиците би биле сосема поинакви, а научниците предвидуваат дека би биле дури и катастрофални.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1