ЗА 60 КМ (АВТО)ПАТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР ЧЕТИРИ ПАТИ СЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА


Без заштитни огради, со две коловозни ленти и дупки, а на одредени места ограничување на брзината до 80 километри на час. Во вакви услови возат возачите по автопатот низ западна Македонија. За поминати 60 километри од Гостивар до Скопје, треба да се плати патарина на 4 места. За возврат, возачите не добиваат никаква услуга. Автопатот Гостивар – Тетово, кој е изграден пред речиси две децении, државата сосема го заборавила, велат возачите, јавува Телма.
patarina2Професорот Вулнет Палоши смета дека  треба перманентно да се одржуваат сите патни правци.Фреквенцијата на возила е се` поголема, поради тоа на автопатите треба да се интервенира секогаш кога ќе се појави било какво оштетување. За необезбеден пат, граѓаните имаат право да ги бараат парите назад, кои претходно ги уплатиле на наплатните рампи, вели Палоши.
Институции на власта во случај кога има пропусти, треба да бидат построги кон претпријатијата кои ги одржуваат патиштата, нагласува Палоши.
Поради необезбедениот  и делумен автопат во западна Македонија каде на повеќе места ја нема заштитната ограда,годинава се  регистрирани  15 сообраќајни незгоди sто ги предизвикале животни, преминувајќи од една на друга страна од коловозните ленти.
Телма

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1