Претседателот Ѓорге Иванов ќе го прогласи оперскиот пејач Борис Трајанов утре за национален уметник на Република Македонија. Признанието се доделува согласно Законот за национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата национален уметник се пејачката Есма Реџепова-Теодосиевска, пијанистот Симон Трпчевски и режисерот Милчо Манчевски. За сите нив е предвидена доживотна државна пензија во висина од 60.000 денари.