Извршителот Гордан Станковиќ вели дека налозите од сите извршители се евидентираат во компјутерот во Комората на извршители, чиј софтвер, ако се случи нешто такво веднаш сигнализира дека има преклопување.
Станковиќ укажува на уште една ситуација која може да доведе до повеќекратно извршување. Имено, поради лошата евиденција што ја имаат некои и комунални фирми, можно е за ист долг еден ист должник да го тужат повеќе пати, без да знаат дека претходно тужеле. Во тој случај, иако долгот и лицето се исти, до извршителите доаѓаат различни тужби и тие постапуваат по нив.
Од друга страна, адвокатот Николчо Лазаров вели дека случаи на ангажирање повеќе извршители за еден ист долг на едно исто лице се можни и ги има, зашто секој извршител на предметот става различен број.
– Ако некој се соочи со таков проблем, еден ист долг да му го наплатуваат повеќе извршители, тогаш може да ги тужи и доверителот и извршителот за неосновано богатење, вели тој, додавајќи дека на тој начин на сметка на недолжни граѓани се збогатиле многу луѓе.
Повеќе на – Вечер.мк