За еден ист долг “напаѓаат” по неколку извршители и блокираат сметки


 Граѓаните се жалат дека за една иста заостаната сметка, понекогаш и за многу мала сума, ги “напаѓаат” по неколку извршители, дури и ако долгот одамна го намириле, или пак го платиле уште по првата блокада. Адвокатите советуваат да се тужи за неосновано богатење пишува Вечер

Фото - Вечер.мк

Фото – Вечер.мк

Извршителот Гордан Станковиќ вели дека налозите од сите извршители се евидентираат во компјутерот во Комората на извршители, чиј софтвер, ако се случи нешто такво веднаш сигнализира дека има преклопување.

Станковиќ укажува на уште една ситуација која може да доведе до повеќекратно извршување. Имено, поради лошата евиденција што ја имаат некои и комунални фирми, можно е за ист долг еден ист должник да го тужат повеќе пати, без да знаат дека претходно тужеле. Во тој случај, иако долгот и лицето се исти, до извршителите доаѓаат различни тужби и тие постапуваат по нив.

Од друга страна, адвокатот Николчо Лазаров вели дека случаи на ангажирање повеќе извршители за еден ист долг на едно исто лице се можни и ги има, зашто секој извршител на предметот става различен број.

– Ако некој се соочи со таков проблем, еден ист долг да му го наплатуваат повеќе извршители, тогаш може да ги тужи и доверителот и извршителот за неосновано богатење, вели тој, додавајќи дека на тој начин на сметка на недолжни граѓани се збогатиле многу луѓе.

Повеќе на – Вечер.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1