Еден од најискусните кошаркари во грчката репрезентација Јанис Бурусис за малку ќе предизвикаше голем инцидент по мечот против Србија во осминафиналето од Светското првенство во Шпанија.
Изнервиран од еден груб прекршок на Немања Бјелица за време на натпреварот, кошаркарот на Реал Мадрид прво нервозно реагираше, а откако Грција загуби, го бркаше и низ прес-зоната. Се вмешаа другите кошаркари, како и членовите на стручните штабови кои за среќа успејаа да го спречат, и не дојде до поголем инцидент.