И познатата интернет компанија Фејсбук не беше поштедена од налетот на ураганот Сенди, која го прекина снабдувањето на градот со струја, градскиот сообраќај, а поплави и голем дел од градот во кој се наоѓаат и компаниите, чии услуги ги користиме секојдневно.
Познатите интернет компании, вклучувајќи ги и друштвените мрежи, во вторникот се обидоа да ги обезбедат на сигурно своите вработени и колку толку да им овозможат нормално функционирање во склоп на своите работни капацитети.
Со помош на лап топови, комјутери, мобилни телефони, но и нивната снаодливост, компаниите функционирале и во несекојдневни услови – или барем се обиделе да функционираат.
Седиштата на голем број на компании чии услуги ги користат секојдневно милиони корисници ширум светот, се наоѓаат во делот на Менхетен и Бруклин, кои беа силно погодени од бурата. Како и останатите сограѓани, вработените во тие компании, работеле од своите домови, кај колеги кој не останале без струја.
Таков бил случајот и со работниците на интернет продавниците Fab.com. Седиштето на таа фирма се наоѓа во Вест Вилиџ, делот кој е поплавен и е без струја. Во вторникот утрото, 225 вработени добиле порака насловена „да се здружиме“. Во пораката било побарано од оние кои во своите домови имале струја, да ги отворат своите врати за оние кои немале, што било и направено. Google поради безбедноста на вработените во вторникот ги затвори канцелариите на Деветата авенија во Њујорк во која работат околу 2000 луѓе. Седиштето во Њујорк на Google нема да работи подолг временски период. Меѓу сајтовите кои што паднаа поради олујата, беше и њујоршкиот блог Gawker.com.
Канцеларијата на Facebook на Медисон авенијата е затворена, а повеќето од 200-те вработени работат од дома. И покрај тоа што има струја, доаѓањето на работа е тешка задача, имајќи во предвид дека метрото во градот не работи.