Поп ѕвездата Даниел Кајмакоски и пејачката Тамара Тодевска денес на музичкиот канал Јутјуб го промовираа својот заеднички сингл „За миг“ . Тамара и Даниел оваа 2014 ја заокружуваат со преубав новогодишен подарок за сите нивни фанови, песната „За миг“ посветена на децата, чистите и невини чувства, љубовта и пријателството.
Комплетниот автор на песната, Роберт Билбилов, нè враќа во детството, времето на безгрижноста.Спотот се снимаше во центарот на празнично разубавеното Скопје во изработија „Горила Филмс“ и „Сторителер“.