За своите апликации освојуваат награди, за нив пишуваат најрелевантните светски медиуми од типот на New York Times. Од мала компанија која програмерското дуо ја основало да работи за себе, а не за друг, настана фабрика во која просекот е 25 години.
Милион луѓе, главно Американци секојдневно ги користат игрите и апликациите кои Алан и Зоран ги направија во центарот на Загреб.” Вкупниот број на спуштања е доста голем, од прилика 15 милиони, а бројот на дневни корисници помеѓу два и три милиони, во зависност од денот во неделата.” вели Алан Сумина, еден од основачите на компанијата.
“Планираме да произведеме уште пет игри во следниве осум-девет месеци, тоа претставува некој краткорочен план.” вели Зоран Вучинич, еден од основачите на компанијата.
“Модерните технологии се менуваат од ден на ден, не е секогаш лесно да се размислува еден чекор напред. Тешко е затоа што постојано мораме да бидеме вклучени во тие процеси. Не смееме да бидеме затекнати ако нешто се случи, а ние не сме го предвиделе. Од тоа ни зависи иднината.”- вели Зоран.
Дека добро им оди, освен големиот успех, покажува и наградата од институтот Руџер Бошкович и Златно јајце на Тесла.
“Тоа беше награда за иновативност во категоријата мали компании, каде победивме со својата апликација Tap&track, која во Америка постигна голем успех.” вели Зоран.
Кога ја основале компанијата не ни сонувале дека после четри години ќе бидат таму каде што се сега.
“Имавме многу скромни очекувања, не очекувавме дека ќе имаме канцеларија од 500 квадрати и дека ќе вработиме 16 луѓе. Тоа не го очекувавме. Очекувавме само дека ќе можеме да бидеме независни, самостојни и дека нема да мораме да работиме за други.” Искрен е Зоран.
“Кога започнавме навистина бевме само ние двајца и бевме многу внимателни кога стануваше збор за вработување нови луѓе, затоа што не знаевме на каков пазар се вклучуваме, колку е тоа стабилен извор на приходи и колку има иднина во тоа.” Вели Алан.
Денес се сигурни дека нивната иднина нема да биде доведена во прашање, па во следниве месеци ќе вработат уште осум нови луѓе. Токму вакви млади луѓе треба да има што повеќе