Туристи не ја крадете плажата!


Од ситни предмети па се до живи пингвини, туристите си одат дома со разноразни необични „сувенири“ , што страшно ги лути локалните жители.

На островот Боракај туристите крадат толку многу песок што мораат да интервенираат и локалните власти, од сега тоа ќе биде со закон казниво. За оние што само еднаш се фатени на дело, следува парична казна од 60 долари, или пак затворска казна од еден до шест месеци.

Ова не е изолиран случај, грчките власти со години ја контролираат кражбата на камења од Акропол, а италијанската гранична полиција во јуни годинава уапси момче што се обидело да прошверцува камен стар две илјади години, како и голем број артефакти од италијанските наоѓалишта.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1